Оваа година не очекуваат три затемнувања на Сонцето и две на Месечината. За жал, затемнувањата на Сонцето нема да можат да се видат од нашиот регион. Во астрономските феномени ние ќе може да уживаме на 21 јануари и на 16 јули.

Ако имаме поволни временски услови и чисто небо, за околу 15 – тина дена ќе може да го проследиме затемнувањето на Месечината и создавањето на „крвава супермесечина“. Станува збор за појава кога Земјениот сателит е на една од најмалите оддалечености од нашата планета и изгледа поголем и посјаен од вообичаено.

Делумното затемнување на Месечината ќе се случи на 16 јули, кога во сенка ќе бидат две третини од нејзиниот диск.

Првото делумно затемнување на Сонцето ќе се случи утре, а следните две се целосни и се очекуваат на 2 јули и на 26 декември.

Во затемнувањето на 6 јануари и на 26 декември ќе можат да уживаат жителите на Азија, додека на 2 јули спектакуларна глетка ќе имаат граѓаните на Јужна Америка.

Исто така, на 11 ноември ќе можеме да ја видиме појавата која се случува само 13 пати во 100 години, а тоа е поминувањето на Меркур точно пред Сонцето.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...