Неколку дена под карантин е одделот за трансфузиологија, сместен во кругот на охридската општа болница, а сите вработени се во самоизолација. Станува збор за неколку вработени, лекари и друг медицински персонал. Како што дознава Алсат причина за ова е што прво заразениот од корона вирус во Охрид,поминал низ ова одделение,односно му биле земени анализи од крв.

Поради неработењето на оделението за трансфузија во Охрид, сите итни случаи за анализи за крв се препраќаат во Центарот за дијализа во Струга. Неофицијално одделот не работи од петокот.

Од Центарот за јавно здравје во Охрид не кажуваат за колку точно луѓе вработени станува збор.Само рекоа дека кога ќе им помине времето за самоизолација ќе биде утврдено дали ќе биде потребно да им се направат дополнителни проверки и анализи.Денес на средба на координативното тело во Струга се разговарало и за можните локации каде би биле прифаќани превентивно, евентуално заболени од корона вирус од струшкиот регион. Како можни локации се разгледуваат средошколскиот интернат и некои од хотелите кои во текот на зимскиот период не работат.

„На последниот состанок на координативниот совет во врска со досегашната состојба предизвикана од КОВИД-19,се одлучи дека граѓаните треба да ги следат упатствата, со цел да се заштити здравјето и благосостојбата на граѓаните.Свеста на граѓаните, во овие моменти е клучна заради што живееме во близина на градови каде што веќе има случаеви со КОВИД-19. Апелираме на висока свест и одговорност“, велат од општина Струга.

Во охридско – струшкиот регион 549 лица се во самоизолација. Од нив 149 се во Охрид,а 137 во Струга. Кичево-99 и Дебар-164.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...