Во Македонија сè уште не се слуша гласот на младите. Според истражување на група организации за Западен Балкан, младите во државните институции во земјава се застапени со само 4 отсто, за разлика од земјите во ЕУ, каде овој број достигнува 33 отсто.

Од владата пак, уверуваат дека на секој можен начин ги држат младите во земјава, додавајќи дека во финална фаза е подготовка на предлог-текстот на Законот за заштита на правата на младите.

Нивото на невработеност меѓу младите во Македонија во 2017 година беше дури 39,2% што претставува највисоко ниво меѓу балканските земји.

Елмедина Алији

Loading...

Shpërndaj me