Гренланд би можел да започне со извоз на песок, благодарение на глобалното затоплување кое ја топи ледената површина на островот и има голема количина на талог во морето – се вели во новата студија на тимот научници од Данска и САД.

Водечкиот автор, Мет Бендикен, истражувач од Универзитетот Колорадо, укажува на фактот дека топењето на мразот можеме да го замислиме како една славина низ која се излива песок на брегот.

Студијата исто така наведува дека Гренланд би можел да ги процени ризиците од крајбрежното рударство, што првенствено се однесува на риболовот, пренесува „енаука“.

Шведската побарувачка за песок изнесувала околу 9,55 милијарди тони во 2017 година, со пазарна вредност од 99,5 милијарди долари и се предвидува дека ќе достигне до 481 милијарди долари во 2100 година поткрепено со зголемената побарувачка и можните недостатоци – се вели во студијата.

Дејвид Бурман од данскиот универзитет во Архус, кој не учествувал во студијата, вели дека веќе постои некоја локална експлоатација на песок за домашната градежна индустрија во Гренланд и дека во моментов е евтин ресурс кој сигурно ќе стане поскап.

Студијата истакнува дека во иднина може да се користат и песокот и камчињата за зајакнување на плажите и бреговите кои се изложени на ризик од зголемување на морското ниво, што делумно се должи на глобалното затоплување и топење на мразот на Гренланд.

Shpërndaj me