Секој од нас повремено се наоѓа во емотивна ситуација во која му се чини дека нема излез. Светот нема убава боја, разочарувањата се преголеми, а тагата е неиздржлива.

Токму во тие моменти ни треба некој да ни каже дека сè ќе биде добро, да не потсети на важните работи кои поминале и кои нè очекуваат во животот.

Затоа, следните неколку реченици, запамтете ги и повторете си ги кога ќе бидете во лошо расположение – тие нека бидат вашиот ветар во грб.

-Секоја вечер, некоја личност помислува на вас пред да си легне.

-Ако ви изгледа дека некој ве мрази, а вие не ја знаете причината, бидете сигурни дека сака да биде како вас.

-Во просек, дванаесетмина луѓе во светот ве сакаат на нивни сопствен и уникатен начин.

-Иако не ви изгледа така, вие секогаш ќе бидете целиот свет за некого.

-Вашата насмевка ќе направи некого среќен, дури и ако тој не сака да да биде среќен.

-Животот е премногу краток за да се будите секое утро со жалење за сè што поминало

-Сакајте ги луѓето кои се однесуваат убаво со вас, заборавете ги оние кои не го прават тоа и запамтете дека сè се случува со причина.

-Дури и кога ќе ја направите најголемата грешка во животот, нешто добро ќе излезе од тоа.

-Кога имате чувство дека светот се свртел против вас, пробајте да погледнете од друг агол – ќе сфатите дека не е сè така како што изгледа од вашата страна на гледање.

-Запамтете: кога животот ви нуди втора шанса, овојпат сè ќе излезе како што треба.

-Ако се појави нова можност, прифатете ја. И ако целиот живот се промени заради тоа, оставете да биде така и уживајте.

-Никој не рече дека животот ќе биде лесен. Но, верувајте вреди да се живее!

Loading...

Shpërndaj me

Loading...