Црквата го расчини 75-годишниот Бернар Прејна и тој како обичен граѓанин ќе треба да се појави пред Кривичниот суд во Лион, обвинет за педофилија, јавува дописникот на МИА.

Се започна во 2015 година благодарение на поплаката на Александар Хезез, истрагата потоа дозволи да се откри педофилскиот стахановизам и перверзната личност на Прејна. Кој како главна жртва ги имал децата кон кои имал слабост од неговата шеснаесетта година. Многумина го знаеле тоа отсекогаш. Започнувајќи со црковните кадри, бидејќи тој бил забележан на семинарот и испратен на терапевт избран од Црквата, а потоа во психијатриска болница. По сопствено признание Бернар Прејната нема „никаква корист“ од овие сесии. Ова не го спречува да стане свештеник и да биде назначен во парохија, каде што веднаш ги обновува своите кривични дела. Редовно обвинуван во текот на неговата кариера, тој ги избегнува сите санкции сè додека конечно, една од неговите жртви, поддржана од здружението „Ла Пароле либере“ (Осободен збор), се осмелува да ја изваде на виделина задушената вистина.

Прејна оваа недела пред Кривичниот суд во Лион, ќе одговора за извршени сексуални напади, меѓу 1985 и 1991 година, врз десет малолетни лица кои станале возрасни – бројни други дела извршени врз тогаш дваесетина млади деца се пропишани – со отежнувачка околност што тој имал овластувања за нив. Тој се соочува со десет години затвор и парична казна од 150.000 евра.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...