По синоќешната трилатерална средба на премиерот на Македонија, Зоран Заев со премиерот на Албанија и претседателот на Србија,Еди Рама и Александар Вучиќ, денес во Охрид продолжи состанокот на лидерите на Западен Балкан, на кој се присутни и Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора Драгица Секулиќ.

На средбата во Охрид продолжуваат разговорите за формирање на т.н мал шенген, кој треба да го олесни протокот, на стоки, луѓе и да ја забрза трговијата меѓу земјите од регионот.Идејата е да се овозможи економски напредок на регионот и целосна негова демократска транформација. Официјалната пресс конференција е закажана за 12 часот.

На состонакот не е присутно Косово, бидејки како што најави косовскиот претседател Хашим Тачи,одбил учеството на самитот во Охрид, затоа што Косово било намерно занемарено од Србија на Првиот самит на оваа нова регионална иницијатива. Второ, единствената визија на Косово останува членството во ЕУ и НАТО и затоа што Косово не сакаво никој случај да ја замени својатаевроатлантска перспектива со која било регионална иницијатива.И трето, оваа регионална иницијатива е безначајна се додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово, порача Тачи.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...