Пред зградата на Собранието вечерва се одржува протест на кој присуствуваат поголем број демонстранти кои дојдоа за да го искажат своето незадоволство од најавениот договор за промена на името. Со патриотски песни, развеани македонски знамиња и транспаренти тие побараа земјата да не прифаќа промена на уставот и промена на името во Република Северна Македонија.

На протестот се извикуваа и погрдни зборови, беа запалени бакли,  а беше побарана и оставка од владата.

Дел од медиумите објавија дека новинарите кои известувале од протестот добивале закани.

Протести се најавени и за наредните денови.

Пред собранието има засилено полициско обезбедување.

Shpërndaj me