Воената коалиција предводена од САД официјално почна да се повлекува од Сирија, потврдија челните лица на армијата на САД, без да прецизицираат кога точно и со кое темпо ќе се одвива повлекувањето, пренесува „Њујорк пост“.

Според Опсерваторијата за човекови права, која што го следи конфликтот во Сирија, воените трупи започнале да се повлекуваат во синоќа, а станувало збор за конвој од 10 оклопни возила и неколку камиони кои од Сирија влегле во Ирак.

Моментално во Сирија има нешто повеќе од 2.000 американски војници.

Loading...

Shpërndaj me