Запознајте ја Рене Кујур, двојничката на Ријана која инаку е топ модел од индиската држава Чатисгар.

Не само што имаат ист тен, боја на очи, коса, и поглед, Рене дури и позира исто како ѕвездата од Барбадос. Каде и да оди, луѓето ја викаат „Ријана“.

На почетокот од кариерата се чувствувала несигурно и деградирано, но од моментот кога почнале да ја споредуваат со Рири, и се отвориле вратите на модната индустрија и славата.

„Фотографите често им велеа на клиентите дека сум двојничка на Ријана. Така полесно ги убедуваа за соработка. Никој не може да ја негира убавината на Ријана, што оди во моја корист“, вели Рене.

 

 

Shpërndaj me