Денеска во Белград во својата 81 година почина легендарниот фудбалер на Црвена Звезда, Драгослав Шекуларац.

Популарниот Шеки бил роден во Штип во 1937 година, од мајка Македонка и татко Црногорец кои уште рано во неговото детство се преселиле во Белград.

Љубовта кон фудбалот Драгослав ја добил уште од најмала возраст, а вистинските чекори во професионалниот фудбал ги направил во Црвена Звезда.

За време на својата кариера важеше за еден од најдобрите дриблери во европскиот фудбал.

За репрезентацијата на Југославија има одиграно вкупно 41 натпревар на кој постигнал шест голови.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...