Најдоцна до октомври ќе има ребаланс на буџетот. Заменик-министерката за финансии Ширете Елези рече дека со него во ќар ќе бидат општините кои се уште се во долгови.

Заменик-министерката го најави ребалансот на потпишувањето меморандуми меѓу градоначалниците на неколку општини и Светска Банка која ќе им обезбеди 165 милиони денари за подобрување на комуналните услуги. Тетово ќе ги искористи позајмените средства за булеварот Видое Смилевски-Бато, додека Гази Баба за снабдување со вода за пиење во населените места.

„Тоа е продолжение на Индустрискиот Булевар. Секој што знае каков е сообраќајот во Тетово е свесен за тоа дека страничниот булевар и неговото проширување ќе значи намалување на метежот“, рече Теута Арифи, градоначалник на Општина Тетово.

Како дел од Проектот за подобрување на комуналните услуги, 9 општини добија неповратни грантови од 28 милиони денари, додека другите три добија заеми во вкупен износ од 138 милиони денари .Сите средства се наменети за изградба на инфраструктура.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...