Во случај предлог-законот за Јавно обвинителство не биде усвоен до објавувањето на извештајот од Европската Комисија, барем да се објави договор меѓу власта и опозицијата за него. Премиерот Заев стравува дека немањето консензус може да влијае лошо во процесот по објавувањето на извештајот на напредокот на земјава.

Осумте исклучени пратеници на ВМРО, кои власта ги стави како резерва преку кои би обезбедила 80 гласови ако пропаднат преговорите со ВМРО, сега порачуваат – СДСМ и ВМРО да постигнат консензус.

Пред некој ден премиерот не ја исклучи можноста за лидерска средба со цел да се усогласуваат ставовите за предлог-законот за јавно обвинителство и судбината на СЈО. Меѓутоа нова средба нема да има сè додека опозицијата не го промени својот став. А, иако започна одбројувањето на деновите до кога овој закон би требало да биде донесен, министерката за правда Рената Дескоска верува дека е можно сè да се случи до последните минути.

Адриан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...