Една година по влегувањето во сила на Законот за употреба на јазиците, тој не важи за околу 99% од институциите во земјава. Од Агенцијата за спроведување на законот велат дека некои министерства, како што се министерствата за финансии, за надворешни работи или за труд и социјална политика, не побарале никаква помош за употреба на албанскиот јазик.

„Ова го кажувам многу одговорно, албанскиот јазик во институциите што ги водат Македонци се помалку заинтересирани за негова имплементација, но не сакам да амнестирам ниту некои раководители Албанци. Од денеска секоја институција мора да има документи на двата јазици“-рече Илбер Села – Директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за јазици

Повеќето институции дури ù одговориле на Агенцијата за јазици дека не им е потребна нивна помош при спроведување на законот. Од оваа институција велат дека тие не можат да се мешаат на кој јазик ќе комуницираат вработените во институциите, но оти со текот на времето ќе биде неопходно Албанците добро да го научат македонскиот јазик, но и Македонците албанскиот.

Агенцијата подготви и прашалник за 641 институција чии податоци ќе бидат прикажани во годишниот извештај што треба да се достави до Владата до 31 март. За препораките на Венецијанската комисија во врска со употребата на албанскиот јазик во судството, директорот на Агенцијата вели дека тоа е политичко прашање. Законот за јазиците беше донесен на 11 јануари 2018 година, но дури една година подоцна беше објавен во Службен весник.

 

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...