Во тензична атмосфера, со кавги и дофрлања, по вторпат е усвоен Законот за употреба на јазиците. Причина за искричењата беше одлуката на мнозинството да не се разгледуваат 35 илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.

Обезбедувањето на Собранието во два наврати спречи можен физички судир меѓу собранискиот спикер и поранешниот премиер.

Џафери, во изјава за медиумите по донесувањето на Законот, не го коментираше однесувањето на Груевски .

Во мојот мандат нема да дозволам Собранието да се претвори во Собрание како што беше на 24 декември 2012 и 27 април минатата година. Однесувањето на Никола Груевски, денеска пратеник, вчера претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на земјата, мислам дека нема потреба да го коментирам бидејќи својата оценка ќе ја дадат граѓаните. Однесувањето на дел од пратениците не треба да се сфати како провокација за меѓуетничките односи“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ посочи дека законот се носи спротивно на процедурата и со низа кршења на деловникот на собранието.

За владејачкиот СДСМ настаните во Собранието потврдиле дека Никола Груевски стои зад обидите за блокирање на работата на законодавниот дом, а Мицкосски е само негова марионета. Во текот на денот, стотина демонстранти протестираа пред парламентот против усвојувањето на законот.

Законот за јазиците прв пат беше усвоен на 11 јануари – претседателот Иванов одби да го потпише указот, законот беше вратен во собраниска процедура по што ВМРО-ДПМНЕ поднесе 35.000 амандмани.

Фатлуме Дервиши

 

 

 

 

 

Shpërndaj me