Законот за отпис на камати на физички лица е на дневен ред на собраниската седница. Очекувањата се законот да биде донесен бидејќи има договор помеѓу пратениците голем број на закони кои се важни за граѓаните да бидат донесени пред изборите. Невладините задоволни од решението за отпис на натрупаните камати бидејќи граѓаните не можат да ги платат со своите месечни примања, но велат дека нивната борба тука не застанува.

„Има предмети за кои тврдиме дека има апсолутна застареност, и ќе бараме можност да важи и за  приватните фирми и банки. Таму граѓаните се влезени во лавиринти, и тешко ќе излезат без конкретна помош од Владата. Овој закон важи со препорака до приватните компании, но колку тие ќе имаат слух тоа да го слушнат не знам“, рече Маријан Ристовски „Стоп за извршителите“.

Од Министерството за правда кое е креатор на законот за Алсат велат дека граѓаните не по своја вина, , особено социјално ранливите семејства се соочуваат со камати кои повеќекратно го надминуваат основниот долг.

„Доверителите кои се во државна или јавна сопственост, по сила на овој закон, се должни да направат целосeн отпис на каматите и репрограмирање на главниот долг и трошоците во рок од три месеци од денот на стапување во сила на овој закон. Доверителите кои се во приватна сопственост, отписот на каматите, како и репрограмирањето на главниот долг и трошоците ќе го вршат на доброволна основа“, велат од министерството за правда.

Со законот ќе им се простат каматите од долговите на граѓаните кои  ги имаат кон државните и јавните претпријатија заклучно со 31.декември 2017 година. Кај приватните останува да одлучат дали ќе го почитуваат  законот или не. Поради големи долгови во моментов во земјава има над 80 илјади граѓани и околу 40 илјади фирми со блокирани сметки.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...