Парламентарната Комисија за здравство не ја одржа расправата за Законот за опојни дроги, па партиските препукувања на власта и опозицијата се преселија во собранискиот прес-центар. Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев апелираше СДСМ да го повлече законот, велејќи дека тој е само во корист на фамилијата на Зоран Заев, наспроти интересите на мнозинството граѓани.

„Имаме плантажи на дрога кои ги имаат семејството на Заеви во Свети Николе, во Валандово, адвокатот на Заев има плантажи во Струмица и сето тоа на сметка на јавното здравје, на сметка на граѓаните. Нас ни требаат инвестиции и ЕУ, а не Колумбија, а не метадонски терапии за нашите млади“, рече Влатко Ѓорчев – пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

На Ѓорчев му реплицираше пратеничката Шагода Шахпаска од СДСМ, која го потсети дека законот за опојни дроги и психотропни супстанци во медицински цели го донела ВМРО во 2016-та година. Во овој предлог закон таа тврди дека само се дефинираат некои услови за производство и промет за медицинска употреба.

„Тоа ќе биде  усогласување со европското законодавство, голем дел на граѓани работат во овој бизнис со сериозни пари. Ние сакаме само да се отвори дебатата за овој предлог закон за кој се предвидува 20 насто од нето добивката да влегува во буџетот на РСМ“, рече Јагода Шахпаска – пратеничка на СДСМ.

„Не сакам да одам во нехилизам. Можеби некои имаат вложено и имаат посериозни намери. Но, истовремено, треба да се води сметка сè што во моментот го имаат е направено во време на претходните услови. Кога тие влегувале во целиот потфат знаеле кои се условите и рамките во кои влегле во таков потфат“, додава Ѓорчев.

Од друга страна, производителите на цветот од канабис за медицинска употреба притискаат за итно донесување на законот пред избори. Досегашните загуби поради неможноста да го извезуваат ги проценуваат на 50 милиони евра.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...