Седум месеци по влегувањето во сила на Законот за употреба на јазиците, Владата започна со подготовката на програма насочена кон промоција на употребата на службените јазици, како што е предвидено во член 21 од Законот.

Владата и сите институции одговорни за спроведување на одредбите од овој закон ќе преземаат мерки за унапредување/промовирање на употребата на сите службени јазици и ќе гарантираат заштита на јазиците на другите заедници кои не се во службена употреба – се вели во Член 21.

Владиниот портпарол Мухамед Хоџа за Алсат вели дека програмата што ја подготвува работната група предводена од заменик владиниот секретар Тахир Хани има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за употребата на службените јазици. Што се однесува до институциите, тие по сила на закон треба да го употребуваат и албанскиот јазик.

До формирањето на Инспекторатот, во рамките на Владата на Република Северна Македонија постои меѓуминистерска група, која помага и го координира спроведувањето на одредбите од Законот за употреба на јазиците. Како што е предвидено со законот, сите институции што не го спроведуваат законот за употреба на јазиците ќе бидат санкционирани, како што е предвидено со закон – изјави Мухамед Хоџа – Портпарол на Владата.

Сепак, многу институции во земјава сè уште не го почитуваат законот за употреба на јазиците, а други го прават тоа делумно. Тие треба најдоцна една година од влегувањето во сила на законот за јазици, сите други закони и подзаконски акти да ги усогласат со овој закон, а двојазичноста треба да ја применуваат и на официјалните веб-страници. Колку институциите во земјава го почитуваат албанскиот јазик ќе биде познато по формирањето на Инспекторатот, за што законот е веќе доставен до Собранието. Инспекторатот мора да започне со работа една година по влегувањето во сила на Законот за употреба на јазиците.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...