За утре е закажана пленарната седница за разрешување на специјалната обвинителка, Катица Јанева, осомничена за вмешаност во случајот „Рекет“. Седница доаѓа само еден ден пред истекот на нејзиниот мандат, предвиден со законот за СЈО. Од друга страна, премиерот Зоран Заев изјави дека преговорите за Законот за обвинителство ќе продолжат со цел да се обезбедат 80 гласови. Предлозите на власта се напишани и ќе се вметнат во Предлог закон.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски кој беше во емисијата „360 степени“, а се емитуваше вечерва пред овие вести на Алсат, смета дека на власта и одговара да нема договор за Законот за обвинителство. Според него, во овие преговори, неговата партија се залага за правна држава.

Мицкоски повтори дека поседува докази дадени во суд и други материјали во врска со случајот „Рекет“ со кои се закани оти ќе ги објави кога ќе смета дека се загрозува безбедноста на земјата. Според него, поседувањето на овие материјали не е незаконски бидејќи се случувало и претходно.

Фатлуме Дервиши

Loading...

Shpërndaj me

Loading...