Премиерот Зоран Заев е на службен пат во Германија каде утре ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел од која се очекува да добие јасен одговор дали Скопје ќе добие или не датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Заев пред патувањето во Берлин на телевизиски настап на „24 Вести“ изјави дека ако таков датум не биде добиен, тогаш може да има последици поради вмешување на трета држава во регионот, без да посочи за кого станува збор.

Ако Северна Македонија не добие датум и покрај, како што вели Заев, најпозитивниот европски извештај досега, тогаш тоа би претставувало удар за институциите и за земјава, пред сè поради затворањето на едно од најчувствителните прашања, промената на името.

Премиерот го повтори ставот дека ако земјава не добие датум за старт на преговорите за членство, тогаш не ја исклучува можноста за предвремени парламентарни избори, предавање на мандатот или целосна реконструкција на владата.

Адриан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...