Јас се срамам што сум премиер на земјата каде затворите се надвор од сите стандарди на хуманизмот и социјалниот живот на лицата кои издржуваат казна. Ова го изјави премиерот Зоран Заев по посетата на затворот Идризово во придружба на министерот за правда, Народниот правобранител и претседателката на Хелсиншкиот комитет. Условите во оваа установа личат на сцени од хорор филмови, со тоалети кои се трансформирани во спални соби и во кујни за готвење.

Околу 70% од објектот нема услови за обновување. Народниот правобранител смета дека во овие услови сериозно се повредени човековите права.

Не е само за да казниш и да создадеш услови, туку треба лицето кое го прекршил законот да го вратиш назад на општеството. А за до го вратиш, треба да се ресоцијализира. За да се постигне оваа цел, секако треба да има вистински систем во затворот.“ – изјави Иџет Мемети, Народен правобранител

Од Хелсиншкиот комитет сметаат дека Законот за амнестија нема да ги реши проблемите во затворите.

Затворениците, исто така се пожалиле на недостатокот на дежурни лекари. Се жалеше и затворската полиција кои со години немаат сретства за работа, униформи и возила за транспорт на затвореници. Капацитетот на затворот Идризово е 850 затвореници, а во моментов има над 1.850 лица.

Адријан Керими

Shpërndaj me