Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се уште не  обезбедил 80 гласови потребни за донесување на Предлог-законот за јавното обвинителство. Тој својот оптимизам го влече од мнозинството за уставните измени, иако засега е нејасно дали сите 80 пратеници ќе го поддржат предлогот. Иако неговите очекувања од независната група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се големи, 8-те пратеници сè уште не го разгледале текстот на законот. Неофицијално, Елизабета Канческа Милеска изјавила дека нема да го поддржи законот но за Аласт  одби да коментира. Пратеничката група на СДСМ моментално брои 51 пратеник, 10 има ДУИ, 3 пратеници се на  Алијансата за Албанците и Алтернатива, по двајца имаат  Беса и ДПА како и 2 се независни пратеници, Амди Бајрам и Јусуф Хасани. Бројките покажуваат дека Заев моментално има 74 гласови, не вклучувајќи ја и независната група пратеници.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека се за европски закон за јавно обвинителство но не за решение кое има за цел политички поени за сдсм.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Мицкоски, ја одби и поканата за лидерска средба со Заев.

Адријан Керими                                       

Loading...

Shpërndaj me

Loading...