Доколку забелешките на Венецијанската комисија за спроведувањето на законот за јазици се официјализираат тие ќе мора да се спроведат, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој истакна дека забелешките кои беа објавени во објавија не се конечни  и дека Владата има можност да претстави против аргументи.

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека преиспитување на законот ќе значи враќање назад во спроведувањето на Охридскиот договор. Секако, тврди тој, забелешките ќе бидат разгледани.

Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања

“Не е вистина дека Венецијанската комисија дала извештај. Тоа е работна верзија која се проследува до известувачите, направена врз основа на впечатоците што ги имаат од еднодневната посета, кога беа тука на 7 септември. Јас сум видел работни верзии на Венецијанската комисија која вели дека двојазичноста на банкнотите и на армиските униформи е добра работа. Законот за јазици е еден од важните столбови на Охридскиот договор, закон кој ни овозможи да речеме дека административниот дел на Охридскиот Договор е заикружен. Секое враќање назад значи враќање на Охридскиот договор и нови преговори“.

Критиките не ги коментира ниту претседателот на државата Стево Пендаровски додека тие не станат официјални. Тој е “за“ широка употреба на албанскиот јазик.

Венецијанската комисија според неофицијален документ кој беше објавен во медиумите, смета дека  во некои области законот за јазици оди предалеку наметнувајќи нереални правни обврски кон институциите. Особено се нагласува употребата на албанскиот јазик во судските постапки, која сигурно би барала повеќегодишна подготовка за да биде целосно спроведена. Оттаму велат дека „неуспехот да се обезбеди превод и толкување во текот на постапката, како што се бара со законот, претставува основа за враќање на судската одлука. Во такви околности, тој значително ќе го забави функционирањето на целиот судски систем, се наведува во драфтот. Венецијанската комисија бара намалување на санкциите за институциите кои нема да го спроведуваат законот за јазици. Според властите во земјава, конечната официјална верзија на Венецијанската комисија за законот за употреба на јазиците ќе биде објавена кон крајот на годината.

Фатлуме Дервоши

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...