Власта е воздржана во оценките за вчерашната одлука на министрите на земјите-членки на ЕУ кои решија за датумот за старт на преговори да решаваат во октомври. Според премиерот, рокот во заклучокот е добра гаранција дека во октомври ќе има одлука. Според Заев ниту една од земјите-членки не била против преговори со Северна Македонија.

Ако датумот не се добие ни во октомври, според министерот за надворешни работи Никола Димитров, се загрзоува европската перспектива на регионот.

Претседателот Стево Пендаровски на средбата со претставниците на Стопанската комора не ја коментираше вчерашната одлука, но потсети дека процесот на зачленување ќе биде тежок.

Вчера земјава и Албанија уште еднаш добија ветувањето дека за датум за преговори ќе се разговара во октомври.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...