Премиерот Зоран Заев очекува официјална Софија да го поддржи добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ, повикувајќи се на Договорот за добрососедство и соработка. Според него, прашањето за идентитетот не се дискутира во 21 век, а преку договорот потпишан со бугарскиот колега Борисов има намера да ги надмине и точките на заедничкото историско минато. Премиерот Заев коментира дека можноста за започнување преговори со ЕУ, не е само во интерес на земјава, туку и на регионот, бидејќи тоа ќе гарантира мир, стабилност, безбедност и економска иднина на Балканот.

Заев рече дека како постигнувањето на Договорот со Грција така и Договорот со Бугарија ќе продолжат да ги применуваат деталите за договорот со соседите, паралелно со водењето на преговорите со ЕУ. Заев рече дека игра со зборови во оваа ситуација може погрешно да ги толкува изјавите, со оглед на тоа дека Бугарија е пред избори.

 

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...