Премиерот Зоран Заев не планира да прави поширока владина реконструкција, но признава дека може да има замена на одредени министри.

Нема да има реконструкција, но ќе има замена на одредени министри?“

Да, сигурно да.“- Зоран Заев, премиер 

Меѓу имињата кои се спомнуваат дека може да заминат од владиниот кабинет се и вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор, Хазби Лика кој повеќе од шест месеци не оди на работа. Како што дознава Алсат, за политичка одговорност за него, но и за министерот за економија, Крешник Бектеши, се зборува и внатре во ДУИ.

Да ви кажам право, не очекував сите медиуми да мислат дека јас имам толкаво влијание во Владата и да се занимавам со проекти кои не се во рамките на Министерството за економија, значи со изградба на патишта итн. кои се во надлежност на други агенции во Македонија. Во однос на реконструкцијата, јас сум од ДУИ и за смена одлучува раководството на ДУИ и претседателот Али Ахмети.“ Изјави, Крешник Бектеши, министер за економија

Неофицијално, Заев може да го смени и вицепремиерот Кошо Анѓушев, но и министерот за финансии Драган Тевдовски и тоа поради потфрлувањето во реализацијата на капиталните инвестиции.

Анѓушев и министерот за здравство, Венко Филипче, чие име исто така се споменува како печено за замена, постојано се цел на критики за делење тендери и фаворизирање одредени компании. Неофицијално, владиниот кабинет е незадоволен и од министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу за слабите резултати во составувањето на стратегијата за реформи и развој во неговиот ресор. Заев неколку пати беше прашан и за разрешување на вицепремиерот Бујар Османи по истрагата што ја отвори СЈО за злоупотреба на службената должност како министер за здравство во 2010 година, но за овој случај премиерот изјави дека ја почитува пресумпцијата на невиност.

Фатлуме Дервиши

Loading...

Shpërndaj me