Премиерот Зоран Заев најави дека годинава ќе се зголеми минималната плата во земјава. Детали за висината и од кога би пораснал минималецот, не откри. Вели дека растот на минималната плата ќе овозможи да се дојде до плата од 500 евра, која беше предизборно ветување. Според него, годината завршила со просечна нето плата од над 400 евра, па не гледа причина, зашто не би можело годинава таа  да надмине и сто евра повеќе.

Сакам да најавам дополнително носење на одлука за минимална плата. Ќе расте, затоа што, со покачување на минималната плата и отварањето на таа спирала видовме дека имаме добар ефект. Тој ефект даваше резултати, некаде до септември, но и по септември, платите продолжија да растат“- изјави изјави Зоран Заев, премиер на Република Македонија.

Главен приоритет за владата е растот на платите и подобрување на животниот стандард на граѓаните, додаде министерот за финансии Драган Тевдовски. Неговите пресметки се дека лани просечната плата пораснала за 5,7 отсто, што е за тројно  повеќе во однос на претходните години.

Мнозинството граѓани живее од својот труд, живее од плата, нема доход од капитал. И ќе продолжиме да правиме ваков притисок, притисок но и поддршка за претпријатијата. Да отвораат подобри работни места, да инвестираат и практично животниот стандард на граѓаните да оди напред“- рече Драган Тевдовски министер за Финансии.

Фокусот за годинава според власта ќе бидат капиталните инвестиции. Пред се инфраструктурните проекти. Главен приоритет е автопатското решение до границата со Косово, а се најавува посериозен ангажман и на  останатите започнати автопатски делници. Иако проекција за раст на економијата за годинава е 3,2 отсто, очекувањата на Владата е дека бруто домашниот производ ќе порасне и повеќе 4 отсто.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me