Премиерот Зоран Заев не отстапува од оптимизмот дека следува  успешна економска година. На истиот начин, со многу храбри потези како што се најде решение за спорот со името така и ќе се отвори патот за македонската економија, изјави Заев на денешната средба со граѓаните на Охрид.

На државните административци им порача дека треба да се засукаат ракавите и сериозно да се фатат за работа. Премиерот најави дека следува период на инвестиции кои ќе отворат нови работни места, а тоа ќе придонесе за раст на платите во стопанството.

„Целта ни е од први јули од тоа ДДВ да го вратиме кај граѓаните. Повеќе од 80 илјади апарати, кој што ги скенира буквално секој телефон кој што го имате, на секоја сметка при потрошувачката го скенира и го имате на конто. Тие пари ви се на располагање, за идна јавна потрошувачка. Ние веруваме дека со тие пари граѓаните ќе може да го дигнат својот семеен буџет“, рече премиерот Заев.

Пред Охриѓани освен премиерот,  за економските проекти на владата зборуваше и министерот за транспорт Горан Сугарески. Проблемите со патиштата кои беа наследени од претходната власт се веќе минато и повеќе нема да се губи време на нивна исправка, посочи Сугарески и уште еднаш ја најави инфраструктурната офанзива во која  Владата планира да се потроши над една милијарда евра.

„Во нацрт фаза е законот за градење, кој што очекувам дека од следната недела ќе биде пуштен до засегнатите страни, со цел се разбира, да ги дадат своите мислења и забелешки по него за да направиме еден реформски закон“, рече министерот Сугарески.

Иако денеска е работен ден, за гостувањето на премиерот, Домот на културата Глигор Прличев во Охрид беше исполнет до последното место. Охриѓани побараа решавање на локални проблеми. Ставање крај на урбаната мафија, регулирање на сопствеништвото на плажите, средување на сообраќајниот хаос во летниот период.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me