Откако премиерот Заев се најде на насловните страници во грчкиот печат поради изјавите за името, денеска посочи дека сепак треба да се искористи позитивната клима за изнаоѓање решение кое ќе одговара на двете земји.

Според Заев, двете држави треба да бидат или подеднакво среќни или поеднакво несреќни од конечното решение.

„Јас само испраќам порака дека треба да продолжиме, навистина посветено со взаемна грижа за позициите на другата страна од преговорите. Буквално ние да водиме грижа за грчката страна, тие за нашата страна за да можеме до крај да се обидеме да направиме се, со целата наша памет што ја имаме со целата креативност да двете страни бидат задоволни од конечното решение или подеднакво незадоволни“, изјави премиерот Заев.

Shpërndaj me