Премиерот Заев денекска, во изјава за медиумите, рече дека телефонскиот разговор со руските комичари е приватна работа со која не би требало да се поврзува Руската федерација. Заев додаде дека подоцна, во текот на денов, ќе оствари и средба со рускиот амбасадор во Скопје, којашто не била закажана поради разговорот со двајцата пранкери.

„Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели, зајакнување на таа соработка на економски и на секаков план“, истакна Заев.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...