Започна судењето за случајот „Поткуп“, каде обвинет е премиерот Зоран Заев, но рочиштето е затворено за јавноста. Ќе се слушаат 30-тина разговори обезбедени со пи-мерки кои се доказ за делото за кое премирот се товари за барање мито. Инаку, пред неколку дена во судница одбраната и Заев слушнаа пет од тие разговори, а Заев посочи дека бил прислушуван многу подолго отколку што имала важност наредбата.

Претходно во Кривичен сведочеше и сведокот Иван Николов, бизнисмен од Струмица, на кого наводно Заев му побарал мито од 160 илјади евра за легализација на градежно земјиште.

Сепак, на крајот од сведочењето Николов рече дека го провоцирал Заев да го каже тоа, а пари не дал.

Според Обвинителството за организиран криминал, Заев побарал мито од 160 илдади евра за да заврши процесот на легализација на парцела во Струмица.

Shpërndaj me