Премиерот Зоран Заев од Охрид најави дека владата има план да избрише долгови за струја на граѓаните. Станува збор за сметки кои стасале заклучно со 2006 – та година. Пресметките на премиерот се дека ќе се избришат долгови од 110 милиони евра, а ќе бидат опфатени околу 200 илјади семејства од земјава. На овој начин, на десетици илјади граѓани ќе им биде одблокирана трансакциската сметка. За оваа мерка согласност дале и енергетските компании од земјава ЕЛЕМ која е надлежна за производство на струјата, но и од ЕВН која ја врши дистрибуцијата и е во приватна сопственост.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...