Премиерот Зоран Заев верува дека пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски која е обвинета во случајот „Рекет“  не е виновна. Тој рече дека суспензијата на Ременски од партијата е направено со цел да и се даде време и простор да докаже пред судските органи дека таа не е вмешана во овој случај.

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева која е осомничена во случајот „Рекет“ денов го помина во болница. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска за Алсат рече дека Јанева има здравствени проблеми и аномалии. Адвокатите најавија дека пак ќе бараат домашен притвор поради здравствената состојба на Јанева. Одбраната понуди гаранција за на Јанева да и се ублажи мерката.

„Јанева се наоѓа во болницата Жан Митрев каде има неколку контроли и тестови. Се следи нејзината здравствена состојба. Констатирани се неколку проблеми и аномалии, но се уште се прават други анализи. Најверојатно дека и денеска ќе остане во болница. Ние секако дека ќе бараме мерка домашен притвор, но прво ја чекаме одлуката за гаранцијата која треба да се донесе во текот на следната недела“- изјави Ирена Фрчковска, адвокатка на Катица Јанева.

Поради празникот денеска судот не работи, така да судскиот процес за случајот „Рекет“ продолжува во понеделник. Во изминатите денови Обвинителството утврди дека Бојан Јовановски го искористил пријателството со Јанева и на бизнименот Орце Камчев кој е осомничен во случајот „Империја“ му нудел олеснителни околности. Откако бизнисменот почнал да плаќа милионски суми рекет, Јанева дала зелено светло Камчев од притвор да замине на домашен притивор, а потоа дала наредба да му се врати и патната исправа. И останатите четири лица со Боки 13 се обвинети за перење пари преку организацијата Меѓународен сојуз. Дел од измамата бил и таткото на Боки, потоа Јасна Мандиќ, заменичка на Јовановски во организацијата, но и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски. Пред два дена обвинителката Вилма Рускоска рече дека вештачењето на телефоните и компјутерите на Боки 13, Зоран Кичеец и Катица Јанева откриле важни докази. Потоа откри дека еден од тројцата осомничени барал спогодба. Таа не откри име, но неофицијално се дознава дека спогодба побарала екс шефицата на СЈО.

Бесиан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...