Премиерот Зоран Заев вели дека не знаел оти објавениот разговор меѓу Груевски и Јанкуловска за убиството на Мартин Нешковски не е целосен, нагласувајќи дека тоа била единствената снимка што ја поседувала партијата.

„Ние поседуваме само една третина од тие разговори. Имајќи ја предвид динамиката по датумите кога тие се одвивале од целиот овој период 2008 до 2014 година верувам дека многу разговори постојат кои опозицијата некојпат ги поседувала, така да автентичноста се знае кој може да ја покрие, да ја потврди и треба да се каже дали е тоа тоа“, одговори Заев на новинарско прашање за  објавениот аудио разговор во врска со убиството на Мартин Нешковски.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...