Предлог-законот за нерегистрирани лица кои живеат во Северна Македонија, но не се запишани во ниту една државна база на податоци е заглавен во Собранието веќе една година. Пратеникот од мнозинството Самка Ибраимоски, вознемирен што овој нацрт не се става на дневен ред во Комисијата за труд и социјална работа, вели дека презел иницијатива да подготви друг предлог-закон. Иако изработката на законот беше објавена на Единствениот национален електронски регистар, познат како ЕНЕР, Ибраимоски вели дека половина од жителите „фантоми“ не биле претставени зашто се неписмени.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека сè додека не се донесе законот, Владата на својата седница во Тетово наредила да се формира работна група составена од нив и Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Дирекцијата за управување со матичните книги и општинските власти. Министерката Мила Царовска вели дека дали оваа категорија граѓани ќе добијат државјанство или само ќе имаат посебни документи за идентификација ќе реши Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека овој закон ќе им даде на нерегистрираните лица можност да ги уживаат правата загарантирани со закон, сè до добивање на државјанство. Според МВР, годинава повеќе од 1.200 лица се пријавиле за државјанство, но со оваа категорија треба да се започне од нула, бидејќи тие не фигурираат ниту во матичните книги. Од Дирекцијата за управување со матичните книги велат дека чекаат на усвојување на законот во Собранието и потоа заедно со сите релевантни институции да одат од врата до врата за да ги идентификуваат жителите „фантоми“.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...