Возач на камион загина откако вчера на крстосницата на булеварот „Борис Трајковски“ и улица „4“ бил прегазен од камионот што самиот го управувал. Според извештајот од МВР, Љ.А.(52) од с. Долно Лисиче, скопско, го запрел возилото и со сопатникот С.К.(50) од Велес излегле од него да видат дали имало простор за да помине по улицата. Според пријавеното, во еден момент возилото се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А.. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...