За заштита на животната срдина, предлагачите на Буџетот се покажаа скржави. Иако загадувањето скоро секоја зима е главна тема, парите доделени од буџетот за овој проблем се многу помали од реалните потреби. За следната година биле побарани 28.300.000 евра а се планирана да им бидат доделени 23.800.000 аврае. Според пресметките во драфтот на Буџетото за 2020 што го обезбеди Алсат за заштита на животната средина се планирани 4,5 милиони евра помалку од тоа што било барано за потребите на институциите против загадувањето.

ПРЕДЛОГ БУЏЕТ ЗА 2020 ГОДИНА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА:  19.663.056 евра – 15.882.023 евра

УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД:                            1.882.926 евра  – 1.476.442 евра

УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДНИ ВОДИ: 3.880.975 евра  – 2.761.788 евра

НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРО ЗАГАДУВАЊЕТО: 2.908.943 евра – 3.708.943 евра

За управување со отпад се понудени 400 илјади евра помалку отколку биле побарани. За управување со отпадни води се понудени 1.119.000 помалку од побараното. За намалување на аеро загадувањето се понудени 800 илјади евра помалку отколку биле побарани. Освен тоа, за мониторинг и заштита од загадувањето на воздухот од 1.425.691 евра кои биле побарани од Министерството за животна средина, Финансии доделиле 1.135.772 евра или околу 290 илјади евра помалку отколку утврдените потреби.

ПРЕДЛОГ БУЏЕТ ЗА 2020 ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

„За набљудување и заштита од аеро загадувањето се барани 1.425.691 евра, а се планирани 1.135.772 евра или 290 илјади евра помалку од утврдените потреби“.

Експертите по животна средина велат дека овие средства се недоволни за сериозна грижа за животната средина. Предлог буџетот за 2020 година откако не доби согласност на вчерашната владина седница, се очекува да биде усвоен следниот вторник. Екологистите велат дека има уште една недела да се направат измени на предлогот за управување со отпад, отпадни води и мерките против загадувањето.

Adnan Qaili

Loading...

Shpërndaj me

Loading...