Високото ниво на загадување на воздухот поттикна судири во Собранието меѓу власта и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ преку својата иницијатива бараше информации од заменик-министерот за екологија, Јани Макрадили за фирмите кои увезуваат нафта „Петрол кокс“ и опасен отпад во земјава, потоа за нивните деловни активности. Во замена за тоа, опозицијата рече дека ќе се согласи да седне на маса со власта и да се бара решение за загадениот воздух.

Макрадули пак, тврди дека последниве години има помалку загадени денови отколку порано. Според него, системот за следење на загадувањето работи според европските стандарди.

Опозицијата бара одговорност од Макрадули, вклучително и негова оставка и извинување поради тоа што, како што велат, последниве три години ништо не се работело.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...