На дебатата на која се дискутираше за загадувањето на воздухот министерот за екологија не сакаше да зборува за причините и мерките кои државата треба да ги преземе државата. Дури и неговата преведувачка инсистираше да се поставуваат прашања само во врска со меѓународниот извештај за загадувањето во земјата. Она што министерот го кажа беше само беше повторување на ставот од минатата недела.

 „Во долгорочната стратегија е гасификацијата на земјата. На краток рок ќе ги преземеме сите неопходни мерки, за да се запре загадувањето, како што е борбата против пожари и подобра контрола врз индустријата, ќе разгледаме различни компании за интегралните дозволи А и Б, и ќе сториме се што е можно за кратко време. Долгорочно, ова е комплексно прашање, на кое сите мора да работиме заедно“-изјави Насер Нуредини, министер за екологија.

На прашањето на новинарите за време на панелот, министерот Нуредини не кажа колку казни се изречени на оние што го загадуваат воздухот. Она што министерот не го знае, Алсат го дозна од Инспекторатот за животна средина.

„Во текот на 2019 година беа извршени 1776 теренски инспекции и изречени се 49 казни за загадување на животната средина. 6 од нив се кривични пријави, а другите 43 се прекршочни “-велат од Државен инспекторат за животна средина.

 Еколошките здруженија велат дека Државниот инспекторат и општинските инспектори, не ја вршат работата како што треба.

 Економската комисија на Обединетите нации за Европа, денеска достави извештај до министерот за екологија со 72 препораки за тоа како да се подобри животната средина.

Извештајот покажува дека загадувањето на воздухот придонесува за смрт на 3.000 лица годишно, додека намалувањето на нивото на ПМ 2,5 според стандардите на ЕУ, може да спаси приближно 874 животи.

 

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...