90 годишниот пензионер Хаим Шаша е најстариот израелски студент и рекордер на неговиот универзитет со шест дипломи, потврди портпаролот на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.

Шаша имал 16 години кога од Ирак се доселил во Израел каде се занимавал со земјоделство и не започнал да оди во средно училиште се до својата 67-ма година.

“Секогаш ми треба некоја занимација, со нешто да го ангажирам мозокот”, вели Шаша, татко на три деца и дедо на 11 внуци.

Досега има дипломирано на повеќе различни смерови и тоа историја, исламски студии, студии од Блискиот Исток, политички науки, еврејска историја и меѓународни односи.

“Во почетокот другите студенти на мене гледаа како на некоја ретка птица, потоа видоа дека учествувам и дека имам што да покажам на предавањата”, истакнува Шаша

Loading...

Shpërndaj me

Loading...