Ракометната екипа на Вардар во женска конкуренција, успеа да влезе меѓу 10-те најдобри во историјата на Лигата на шампионите. На „црвено-црните” им требаа пет години за да ја надминат екипата на Кометал Ѓорче Петров, која имаше 47 победи на европските натпреварувања. Вардар со 74 игри, има постигнато 52 победи, шест нерешени и 16 порази. Со 110 поени, Вардар ги заврши натпреварите со 70 отсто успех. Во Топ 10 на Лигата на шампионите, освен Вардар, се наоѓаат и Будучност, Хипо, Ларвик, Крим, Виборгу, ФТЦ, Влеча, Астро Сагунто и Подравка.

Shpërndaj me