Тимот на Челси со одлична игра во второто полувреме славеше над Арсенал со 4-1 и го освои пехарот во Лига Европа.

Првиот гол беше дело на Жиру, кој реализираше со глава во 49 минута и со тоа го казни својот поранешен тим. Педро беше прецизен во 60-тата, додека Азар постигна два гола (65` и 72`) со што го оформи конечниот резултат. Ивоби беше прецизен за „топџиите“ во 69-тата минута.

Меѓу најзаслужните за овој резултат на „сините“ беше и Оливие Жиру кој покрај постигнатиот гол, запиша и неколку асистенции, а врз него беше направен и пеналот што потоа го реализираше Азар.

„Ова беше добро финале, ние бевме подобри, бевме поефикасни во второто полувреме. Ова е мојот втор трофеј за две години. Не сакав да славам против Арсенал, ама многу сум горд што го освоив овој трофеј со Челси. Се чувствувам благословен“, изјави Жиру.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...