Амбасадорот на Европската комисија во земјава, Самуел Жбогар денеска изјави дека наоѓањето решение за функционално судство е поважно отколку да се добие датум за преговори со Европската Унија. Тој нагласи дека политичарите и судството прво треба да ја вратат довербата кај граѓаните, а земјите-членки на ЕУ очекуваат гаранции за предметите на СЈО.

Мислам дека наоѓањето на решение за функционално судство е многу поважно отколку датумот за отпочнување на преговорите. Мислам дека политичарите и судството прво треба да ја вратат довербата кај граѓаните пред сè. Така што мислам дека фокусот треба да биде врз тоа. Ако се реставрира таа доверба, сигурен сум дека и ние во ЕУ ќе ја препознаеме и признаеме таа промена“, вели Жбогар.

– Тоа значи дека не сте оптимисти за датум за преговори?

Мислам дека имаме уште еден месец до 15 октомври. И мислам дека има очекување кај земјите членки дека ќе има гаранции во врска со предметите кои сега се во СЈО“, додава Жбогар.

„Двете политички партии во моментот не дојдоа до решение, односно не е постигната согласност. Но, ние и понатаму ќе работиме бидејќи сè уште е потребно решение. Потребно е да видиме што ќе се случи со предметите кои се во врска со поранешните функционери. Решението сè уште не е постигнато, но ние треба да го најдеме тоа решение. Упатувам апел до двете политички партии да продолжат со нивните напори да се обидат дојдат консензус по однос на ова прашање“, вели амбасадорот на ЕУ во земјава.

„Јас мислам дека СЈО заврши една битна работа, но мислам дека во изминатите неколку години работеа на важни случаи и давање на отчет за сторените кривични дела. Веруваме и сметаме дека оваа работа треба да ја продолжи Јавното обвинителство. Мислиме дека има логика да се спојат СЈО и Основното јавно обвинителство. И двете страни се согласни со тоа. Сега зборуваме за детали и како тоа ќе функционира во иднина. Но, мислам дека го делиме разочарувањето и горчината која ја носат жителите на оваа земја со распадот на настаните“, додава Жбогар.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...