Министерката за правда Рената Дескоска по серијата неуспешни обиди партиите да се договорат и да го донесат Законот за обвинителство, посочи дека носењето законско решение кое го решава и статусот на СЈО и не е толку нужно. Преземањето на предметите од Специјалното обвинителство од страна на редовното, според министерката, ја враќа надежта дека случаите ќе имаат завршница. Дополнително се анулира и правното мислење на Врховниот суд дека СЈО е неовластен тужител по 30 – ти јуни 2017 – та година.

„Неформални средби и консултации постојат и овие денови, не само денеска, постоеја и претходните денови. Ќе видиме дали ќе биде преку средба, може да биде испратен само законот за да седнат партиите да рефлектираат врз основ на пишан текст“, рече министерката Дескоска.

Прашање: Тоа е нов закон или е интервенирано во оној што претходно го предложивте?

„Тоа е интервенција врз законот кој веќе е во Собрание и внесени се измените за кои разговаравме на лидерската средба“, одговара Дескоска.

Во меѓувреме, евроамбасадорот Самуел Жбогар порачува дека мора да се процесуираат сите случаи на СЈО, но и сите нови случаи со можна корупција.

„Решение за иднината на СЈО сè уште не е постигнато. Но, немањето решение не е решение. Подобро сега отколку подоцна, политиката мора да се договори како овие случаи ќе продолжат кредибилно и независно. Законската одговорност за случаите на СЈО мора да се финализира“, рече Самуел Жбогар, Евроамбасадор.

За законот за обвинителство и статусот на СЈО на лидерска средба пред неколку денови директно преговараа премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Средбата беше јалова, а партиите си ја префрлаа вината за нејзиниот неуспех.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...