Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија го објави списокот на играчи кои ќе играат на следните два квалификациски натпревара за ЕП 2020. На 5 септември како гости во Израел, а на 9-тти со селекцијата на Летонија. На списокот има доста промени, каде освен дебито на Влатко Стојановски се забележува враќањето на Љупчо Дориев и Стефан Спировски. Најинтересно е отсуството на Ферхан Хасани кој сè уште е без клуб. Но, Ангеловски потврди дека најголемиот проблем е одбраната, особено по двата пораза во јуни од Полска и Австрија.

Ангеловски истакна дека првиот противник, Израел, направил доста измени во првиот состав од последниот квалификациски натпревар кога Македонија победи со 1:0.

Ангеловски би бил задоволен со три бода од овие две пресметки што би било добредојдено за бодовното салдо во квалификациите.

Махир Тачи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...