Сто нови случаи заболени од морбили за речиси месеци и половина се регистрирани во Струга од прогласувањето на епидемијата во овој град.Ако на крајот на март тој број беше само 26, последните податоци говорат за бројка од 119 регистирани.Во Дебар бројот е 31, додека во Охрид 28. Сериозен проблем за Струга се и големиот број на заразени лекари и друг медицински персонал во повеќе одделенија но градската болница.

Во Струга континуирано секојдневно се пријавуваат двајца до тројца заболени. Имаме од сите возрасти.Во Струга на повеќе одделенија имаше заболени,на пример на интерно одделениа имаше здравствени работници и сестри. Во моментот на хируршко одделение има осум заболени здраствени работници.И здраствените работниц заболуваат од пациентите и пациентите од здраствените работници – изјави Јованка Коровешоска- Центар за јавно здравје Охрид.

Дополнителен проблем е што во Струга нема инфективно одделение па заразените најпрво се јавуваат или кај матичните лакари или пак во некои од болничките одделенија поради што заразата побргу се шири. Во Охрид пак загрижува фактот дека заразата веќе е присутна и во училиштата.

Последната недела имаме пријавување и кај ученици. Се јавија кај ученици кои што се секако вакцинирани, но вакцинацијата не дава солиден имунитет како што дава прележувањето на морбилите.Само ако се прележани се постигнува доживотен солиден имунитет.Добро е сите кои се вакцинирани, а учениците секако дека се вакцинирани со две вакцини, кај нив е со многу лесна клиничка слика – рече Јованка Коровешоска- Центар за јавно здравје Охрид.

Коровешоска додава дека со цел спречување на понатамошно ширење на заразата во улилиштата биле преземени превентивни мерки.Бил проверен вакциналниот статус на учениците, а во училиштата каде има случаи на заболени од морбили била направена превентивна дезинфекција и изолација на заболените. Вакцинирани биле голем дел од здраствените работници, но и дел од прсветните работници.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...