Во Предлог Буџетот за идната година предвидените средства за борба против загадувањето, според Министерот за животна средина се недоволни. Иако загадувањето е проблем за граѓаните секоја зимска сезона, од Министерството за финансии сметале дека треба да се доделат 4,5 милиони евра помалку од реалните потреби за борба против загадениот воздух. Министерот Нуредини во емисијата „360 Степени“ на Алсат М, рече дека е рано да се зборува за детали бидејќи ова е само Нацрт предлог. Тој цитирајќи го Нацрт предлогот рече дека за мониторинг на загадувањето се одвоени 290 илјади евра помалку од реалните потреби. Нуредини рече дека мерките против загадувањето треба да се засилат, почнувајќи од мерните станици за квалитетот на воздухот.

„За жал некои не работат. Ние сме поправиле пет кои се поефективни. Откако ќе се балансира буџетот, од септември менаџираме со добиените средства. Наредивме неколку мерки кои ќе се средат до декември. Мислам дека е многу важно да се мониторира квалитетот на воздухот и откако се прават анализи, тоа ни дава можност да делуваме со следни мерки“.

Екологистите велат дека наменетите средства се недоволни за сериозно да се третира проблемот на загадениот воздух. Тие велат дека има уште една недела за да може да се направат измени на Нацртот во делот на управување со отпад, отпадните води и мерките против аерозагадувањето. Љиљана Поповска од ДОМ вели дека нема да дозволат загадувањето да ни предизвика канцер.

Невладините организации соопштија дека собрале 10 илјади потписи за петиција против загадувањето со која имаат за цел да се укине Законот за царини во делот на слободен увоз на отпад, измена на Законот за управување со отпад од 2004 година, укинување на дозволите за преработка и рециклирање на железо, гуми, пластика и друг штетен материјал за здравјето на луѓето и кои ја загадуваат животната средина.

Adnan Qaili

Loading...

Shpërndaj me

Loading...