Граѓаните кои имаат долгови кон ЕВН од следниот месец известувања ќе добиваат од Универзалниот снабдувач кој стартува со работа од први јули. Целата постапка останува иста, само промени има во името на фирмата, велат од Регулаторната комисија за енергетика. Се подготвува и нова дигитална платформа на која компаниите трговци на струја ќе може да ги објавуваат понудите, а граѓаните да ги разгледуваат цените и да одлучуваат кој ќе ги снабдува со електрична енергија. Наредниот петок ќе биде соопштена и новата цена на струјата, а регулаторот не очекува сериозни ценовни шокови.

EVN HOME од први јули ќе ги дава известувањата кои ги давал претходниот регулиран снабдувач, а тоа бил ЕВН Македонија. Концептот на сметките, доставувањето на фактурите останува ист како и досега. Единствено ќе се промени називот на компанијата која од први јули ќе започне да ги снабдува потрошувачите на регулираниот пазар на електрична енергија, изјави Марко Бислимивски, претседател на РКЕ.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...