Жестока дебата околку членот во новиот Законот за енергетика кој што предвидува дека со стапување на сила на Законот, престанува мандатот на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика. Опозицијата побара досегашниот претседател да остане во Комисијата, но од функцијата да се замени со ротирање на други членови. Побараа претседателот да не се бира по предлог на Владата, туку од додегашните членови. Ова барање не доби поддршка од владејачкото мнозинство.

„Ова урива принципи, ова навлегува во независноста на регулаторните тела на оваа држава и остава простор за лоша пракса. Ништо друго, само други цели и интереси стојат во позадина за сменувањето на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика. Никакво усогласување со не знам каква директива или не знам каква ротациска шема“, рече Драган Цуклев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Истиот тој кој што девет години е претседател на Регулаторната комисија, повеќе од мандатот на било кој претседател на САД, значи, а тука убаво кажува дека после седум години треба да настане ротација при примена на нови директиви и тоа се имлементира во овој Закон. Ништо персонално“, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер во Владата.

Владејачкото мнозинство не ги прифати двата амандмана на опозицијата од вкупно доставените 21 на Законот за енергетика. Претениците од опозицијата побараа да биде тргнат членот со кој, на товар на граѓаните ќе падне плаќањето за поврзување на обновливите извори на енергија со електропренесниот систем.

Според пратениците на ВМРО ДПМНЕ, ако остане овој член, тоа ќе ја зголеми цената на струјата. Од Владата тврдат дека ваквото законско решение е предвидено и во постоечкиот закон и дека се однесува само на енергетски капацитети од национален интрес.

„Ако сакаме некој парк за сончева енергија да парвиме, му викаме извини. Ние ќе ти дадеме тебе локација, но и ќе си ги платиш приклучоците што за мене не е коректно, бидејќи национален интерес на Македонија е да го зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори од енергија“, рече Горан Милевски, пратеник од ЛДП.

Останатите 19 од 21 предложени амандмани беа прифатени и од власта и од опозицијата. Новиот Закон за енергетика предвидува целосна либерализација на пазарот на енергенси во државата и значи усогласување со европската регулатива.

Александра Спасевска

Shpërndaj me