Од предизборната програма на СДСМ наменета за енергетиката која ја гарантираа на граѓаните за да дојдат на власт до сега имаат реализирано само два отсто од ветените проекти. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мискоски упати серија критики до власта за како што вели,  нереализацијата на  гасоводниот систем, нема зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, не се  модернизирани  термоцентралите.

„Има уште многу проекти кои што беа дел од проектот најголемата политичка лага, како што е делот за обновливите извори, како што е новата десет мегаватна фотонапонска електрана. За волја на вистината распишаа тендер и истата треба да се гради во поранешното јагленово наоѓалиште во близина на термоцентралата Осломеј и истата требаше да започне со градба во септември годинава а на почетокот на 2020 година да произведува електрична енергија, денеска сме ноември, не само што оваа постапка нема завршница туку нема јавноста ниту информација каде се потрошени парите на граѓаните и за што се потрошени“-изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...